 | Апликации |  |  | Услуги |  | | |  | Пи Софт - за уште подобра организираност
Пи Софт е компанија која изготвува софтверски и системски решенија, кои ви овозможуваат едноставно раководење со работните процеси во вашата фирма. Со помош на напредни технологии, ви овозможува да не бидете врзани за работата што се одвива во вашата канцеларија. Овие решенија вклучуваат функционалности, кои вам ви помагаат лесно да ги организирате сите потребни информации. Вие располагате со навремена и целосна информација, лесно достапна со цел донесување на брзи и квалитетни одлуки, кои се предуслов за успешно работење.
Системите на Пи Софт ја имаат таа моќ да се прилагодат кон вашето работење, вам да ви ја олеснат комуникацијата во и надвор од компанијата, ви овозможуваат да пристапите од секое место со интернет, да ја најдете бараната информација веднаш. Софтверот го добивате без дополнителни лиценци и скриени трошоци, а поддршката од наша страна, ви овозможува целосно да се посветите на вашето работење.
Пи Софт нуди голем број на системи прилагодени кон вашето работење:
- piOffice, вистинско решение за вашата канцеларија, интегриран е-маил, телефон, факс, документ менаџмент, календар, контакти, проектен менаџмент, управување со ресурси, клиенти, набавки
- piAccounts, систем за целосно финансиско и материјално работење, плати, основни средстав, мало продажба, големо продажба
- piSupply, софистициран систем за управување со ланецот на набавки, интегриран со piAccounts, ориентиран кон бизнис со бизнис решенија.
- piWebs, контент менаџмент систем за лесно објавување на информации на вашите веб портал. Целосно се интегрира со piOffice и овоможува дирекно публикување од него.
|  | | |