 | Апликации |  |  | Услуги |  | | |  | piCallManager
Центрите за поддршка и телефонски маркетинг се составен дел од секој успешен бизнис. За таа цел, Пи Софт изработи систем за успешно работење и управување со вакви центри. Системот е веб базиран, како сите наши производи, со централизирано место за управување и пристап од кој и да е компјутер со стандарден веб прелистувач (browser). piCallManager овозможува управување на влезни кампањи (подdршка, контакт центар, нарачки) и излезни кампањи (маркетинг и продажба). Организацијата на оваа апликација овозможува независни улоги за креторите на кампањата, за управувачите со контакт центарот и операторите. Секоја кампања може да биде целосно персонализирана, а сепак операторите да немаат пристап до осетливи информации. Главни функционалности на piCаllManager се:
- Веб базиран, со можност за лесно одржување на системот
- Персонализиран текст за операторот на влезните и излезните камапњи. За влезните кампањи, врз основа на влезниот број директно се креира персонализиран текст за операторот.
- Поставување на статуси за секој повик посебно.
- Закажување на разговори, со потсетник за операторот, кога ќе треба да се јави на некоја кампања.
- Статистики за квалитет на оператор, должина на разговор, реализација по статуси, број на реализирани разговори
- Статистики за кампањи должина на разговор, распределба на статуси по оператор, пропуштени разговори, време на чекање кај реализирани и пропуштени повици.
- Едитор за кампањи, едитирање на текстот, податоците и статусите на кампањата
- Лесно интегрирање со дополнителни форми потребни за кампањите, на пример: примање на нарачка, или секретарка да прими повик и да каже кој ја барал фирмата или барање за сервис
- Управување со контакт центарот, поставување на оператори на кампања, подесување на телефонскиот број на кампањата и менито за навигација во кампањите, пораките кои ќе се претстават на операторот и корисникот, времето на работа на камапњата.
- Вклучување во разговорот на операторот и негово советување од страна на менаџерот
- Снимање на повици
- Пренасочување на повик
- Логичка организација кампањите, пример: Доколку некој порача некоја услуга, потоа неговиот број директно се пренасочува во кампањата за поддршка за тој вид на услуга со можност за персонализација во таа кампања.
- Различни начини на доделување на повиците кон операторите во кампањата, базирана на различни предуслови.
Поради концептот и технологиите употребени во системот, контакт центарот не мора да биде организиран само на една локација, туку повиците можат да бидат пренасочувани и кон оддалечени локации. Овозможува дефинирање на квалитетот на преносот во зависнот на локацијата на операторот. Системот е базиран на технологии со отворен код. Софтверските и хардверските потреби на серверските компоненти зависат од обемот на повици, бројот на линии и оператори кои ќе ги опслужува, меѓутоа една просечна конфигурација би била:
- Pentium 4 или подобар процесор
- 1 Gb RAM
- Хард диск просторот зависи од снимањето на повиците и форматот на снимање
- FXS /FXO картица компатибилна со Asterisk
- Linux 2.6.x
- Asterisk 1.4.x
- Java 1.4.x
- JBoss 3.2.x
- PostgresQL 8.x
|  | | |